Со апликацијата OM-D Webcam, Олимпус фотоапаратите ќе можат да се користат како веб-камери


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Иако технолошкиот бренд Олимпус официјално го напушта бизнисот со камери, и понатаму на корисниците на нивните фотоапарати им нуди поддршка.

Овој пат тоа е во вид на апликација наречена „OM-D Webcam“, која овозможува, кога фотоапаратот е поврзан со компјутер преку „USB-C“ конектор да се користи како стандардна вев камера. Сепак, оваа апликација не функционира со сите Олимпус фотоапарати.

Софтверот моментално ги подржува, „OM-D E-M1X“, „OM-D E-M1“, „OM-D E-M1 Mark II“,„ OM-D E-M1 Mark III“ и „OM-D E-M5 Mark II“ фотоапаратите.

Исто така носи и други ограничувања. За сега тој не обезбедува пренесување на звукот од камерата на компјутер, што значи дека е потребно за целосна комуникација да се обезбеди и микрофон. Покрај тоа, апликацијата е достапна само за персонални компјутери.

Олимпус не е единствен произведувач кој пробал своите производи да ги направи попродуктивни и поупотребливи.

Канон исто така поседува аплиакција која нивните фотоапарати ги претвора во веб камери, која е објавена во април оваа година. Покрај тоа и Панасоник во јуни претстави сличен софтвер кој одредени нивни фотоапарати ги претвора во веб камери.