СО АПЛАУЗИ И ХОРСКИ КРИК, ИСПРАТЕН ОД СЕМЕЈСТВОТО И ПРИЈАТЕЛИТЕ „МОРСКИОТ ВОЛК“ (ВИДЕО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во Сплит денес во присуство на државниот врв беше оддржана комеморација по повод смртта на Оливер Драгојевиќ, а со одлука на владата ширум земјата држваното знаме е спуштено на половина копје.

На комеморацијата во сплитскиот Хрватски народен театар, покрај членовите на семејството, бројни колеги и пријатели, пристигнаа утринава и претседателката Колинда Грабар Китаровиќ, премиерот Андреј Пленковиќ и претседателот на собранието, Гордан Јандроковиќ, како и министрите за одбрана Дамир Крстичевиќ и култура Нина Обулјен Коржинек.

„Од неделата секој од нас загуби некој свој. Нам музичарите тој ни беше светилник, патоказ по кој пат да се тргне, како истовремено да се биде најголем и најскромен“, истакна музичкиот продуцент, Никша Братош, пренесува Н1.

Од Оливер на комеморацијата се прости и авторот на многу негови композицции, Јакша Фиаменго, велејќи дека со Оливер е тешко да се разделиш.

„Твоето заминување не можевме да го спречиме, но можеме да спречиме да заминеш од нашите срца“, истакна тој.

И пејачот Џибони се присети на некои моменти од животот и дружењето со Оливер истакнувајќи дека Оливер е најславен и најголем.

Комеморацијата започна со хорско изведување на песната „Мој галебе“, а на крајот сите станати заедно ја отпеаа „Верувај во љубовта“.

Последно испраќање на Оливер ќе биде попладнево од црквата св. Фран преку Рива од кадешто Оливер ќе биде испратен во своето вечно почивалиште.

https://www.facebook.com/DNEVNIK.hr/videos/10155686081630814/

https://www.facebook.com/DNEVNIK.hr/videos/10155686084400814/

https://www.facebook.com/DNEVNIK.hr/videos/10155685939710814/