Home Актуелно Со 95 гласа „За“ Собранието ја усвои резолуцијата за „црвените линии“ поднесена од ВМРО-ДПМНЕ

Со 95 гласа „За“ Собранието ја усвои резолуцијата за „црвените линии“ поднесена од ВМРО-ДПМНЕ

Собранието на денешната седница ја усвои Резолуцијата поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за државните позиции, поточно за „црвените линии“ во разговорите со Бугарија. Истата беше изгласана со 95 гласови „За“ и еден воздржан.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски прв објави на социјалните мрежи.

– Во Собранието на Република Македонија на предлог ВМРО-ДПМНЕ усвоена декларација за македонските црвени линии кон Бугарија! Македонскиот јазик е македонски засебен различен од другите. Македонскиот народ има култура и историја на која може да се гордее и нема да дозволиме никој да ја оспорува – напиша Николовски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…