Со 69 „ЗА“ изгласана ратификацијата на договорот со Грција – опозицијата ја напушти седницата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со 69 гласови ЗА изгласаа, во македонското Собрание денес пратениците го изгласаа Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Македонија и Грција да се гласа по скратена постапка. Четириесет пратеници беа против.

ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата за ратификација на договорот за името поради тоа што не сакаат да бидат ученици во носењето на ваков штетен договор, велат од пратеничката група.

На новинарско прашање дали само оваа седница ќе ја напуштат, од ВМРО ДПМНЕ изјавија дека партиските органи допрва ќе одлучуваат за однесувањето на народните избраници во Собранието.

-Овој македонско – грчки договор не е компромис туку уцена која мораше да ја потпишат за претходно направени дејствија. Со договорот Македонија сама ја суспендираше меѓународната права пресуда на меѓународниот суд на правдата во Хаг која беше во наша корист. Со договор Македонија се откажува од напорите и успесите направени од сите претходни влади. 140 земји од светот на признаа со уставното име, владата не сака расправа, туку сака што побрзо да го изгласаат договорот. Понижувањето од него ќе го трпи македонскиот народ“, велат од пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ.

Според ВМРО ДПМНЕ злоупотребено е европското знаменце , и оттаму прашаа што е поразличен овој договор од договорот со Бугарија, за кој нема европско знаменце и не се носи по скратена постапка.

Пратеникот  Ферид Мухиќ кој е дел од коалицијата на СДСМ а во Собранието влезе како независен пратнеик не даде поддршка Договорот со Грција во Собранието да помине по скратена постапка.
Мухиќ и претходно покажа несогласувања со договорот. ВМРО-ДПМНЕ гласаше против.