Со 400 коњски сили, новиот Голф ќе биде брутално моќен


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Германскиот автомобилски гигант Фолксваген веќе на големо ја актуелизира идејата за изработка на модел на Супер-Голф, кој ќе биде најмоќен во историјата на овој автомобилски бренд кој потекнува од производствените погони на германскиот произведувач.

Сепак, тоа ќе биде возможно да се направи дури на новата генерација на Голф, што значи дека овој модел би се викал Golf R Plus. Сè уште не е дадено зелено светло, па сепак шансите за тоа во овој момент се најголеми.

Дури и првиот човек на Фолксваген, Херберт Дајс сака што побргу да биде изработен овој нов Голф. Уште повеќе зашто конкурентите Мерцедес и Ауди почнуваат со изработка на такви модели како Mercedes-AMG A45, односно Quattro Sport од Ауди.

Тоа би значело дека Голф добива најмалку 400 коњски сили, седумстепен менувач на две нивоа и погон на сите четири тркала.

Актуелниот „ѕвер“ Golf R-400 (и на насловната фотографија)

Според германските медиуми, Golf R Plus се развива во седиштето на компанијата во градот Брауншвајг, а според најавите целта е да достигнува 0-100 км/час за помалку од 5 секунди .

Сегашниот R-400 оваа брзина ја достигнуваше за 3,9 секунди со максимнални 280 км/час.