Со 3 милиони евра Камчев сака да си ги врати пасошите


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вчера, пред скопска Апелација, адвокатскиот тим на осомничениот во случајот на СЈО „Империја“ Јордан Камчев, побара да му се вратат пасошите на Камчев. Како образложение во барањето од адвокатите беше наведено дека тој веќе неколку пати ја користел претходно издадената времена исправа за патување, што покажува дека нема да бега, а нуди и гаранција од три милиони евра.

Апелациониот суд вчера ја разгледуваше жалбата за укинување на мерката претпазливост и одземање на патна исправа, со предлог хипотека.

На Камчев му се одземени македонскиот и бугарскиот пасош, откако против него беше отворена истрага за перење на пари. Потоа судот му издаваше времени исправи за патување, со кои тој патуваше надвор од земјата.ата на Камчев е неоснована.

Одлуката судот ќе ја соопштиКамч дополнително.

Истрагата „Империја“ е отворена на 9 ноември 2018 година каде што осомничени се Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска- Камчева, Христина Камчева- Стојческа и други за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители како злоупотреба на службена должност измами и перење на пари.