Со 215 сантиметри висина, Румејса е највисоката жена на светот (снимка)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Турчинката Румејса Гелги официјално е запишана во Гинисовата книга на рекорди како највисока жива жена на светот. Таа е висока 215 сантиметри, објавено е на официјалната вебстраница на Гинис.

Румејса повторно била измерена оваа година, откако беше прогласена за највисока тинејџерка во 2014 година, кога имала 18 години.

Нејзината абнормална височина е резултат на синдромот на Вевер, исклучително ретка состојба која, меѓу другите абнормалности, предизвикува забрзан раст.

Румејса најчесто користи инвалидска количка, но може да се движи кратко користејќи шетач.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RUMEYSA GELGI (@rumeysagelgi)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RUMEYSA GELGI (@rumeysagelgi)

Од 2014 година, Румејса смета дека е важно да ја искористи својата платформа за да ги едуцира другите за ретките медицински состојби како нејзината. Таа вели дека нејзината висина ги интригира луѓето кога ќе поминат покрај неа на улица, но повеќето луѓе се љубезни и ја поддржуваат кога првпат ќе ја сретнат.

Инаку, Румејса се занимава со програмирање.