Со 153 гласа „ЗА“ Грција го усвои Преспанскиот договор


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со 153 гласа „за“, грчкиот парламент го усвои Преспанскиот договор кој го потпишаа Алексис Ципрас и Зоран Заев, со кој се става крај на деценискиот спор за името на Македонија кој се водеше меѓу двете земји.

Дебатата траеше три дена, а со говор, ја затвори алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос.

На расправата за ратификација на Договорот од Преспа, пријавени за збор беа 205 од 300 пратеници колку што брои грчкиот Парламент, како и координаторите на партиите, министрите во владата и лидерите на политичките партии.