Со 101 глас „ЗА“ Собранието го прифати владиниот предлог за измените на Законот за минимална плата


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Собранието денеска едногласно со 101 глас „за“ го прифати предлогот на Владата по скратена постапка да бидат донесени измените на Законот за минимална плата, пренесува МИА.

Предлог-измените, кои се резултат на договорот постигнат на Економско-социјалниот совет за зголемување на минималната плата и за новата методологија за усогласување на минималецот, треба да биде разгледани на матичната собраниска Комисија за труд и социјална политика.

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, образложувајќи ја причината зошто законот треба да биде донесен по скратена постапка, рече дека не се работи за обемно законско решение. Предлог-законското решение, како што истакна, е во насока на заштита на семејниот буџет и подобрувањето на животниот стандард на работниците.

– Социјалниот дијалог во земјава е реалност. По одржани три седници на Економско-социјалниот совет и конструктивната дискусија, заедно, партнерски, го донесовме најопдржливото решение за утврдување на минималната плата. Тоа е потврда дека за најважните прашања во државата заедно со социјалните партнери ги носиме одлуките во интерес на работниците. Минималната плата од 18.000 денари и промената на методологијата за усогласување на минималната плата е она што го договориме со социјалните партнери со што се наметнува потребата од изменување и дополнување на Законот за минимална плата, рече Тренчевска.

Со Предлог-измените се менуваат критериумите за годишното усогласување на минималната плата со 50 проценти од годишниот раст на просечната плата и 50 проценти од растот на трошоците за живот. Се предвидува и висината на минималната плата да не може да биде пониска од 57 проценти од просечната плата објавена од Заводот за статистика за претходната година.

– Овие измени ќе опфатат околу 80.000 наши граѓани кои со исплатата на мартовската плата во април ќе добијат покачување на платата од 15.200 денари на 18.000 денари. Земајќи ја во предвид состојбата со пандемијата и ударот која таа го предизвика врз економијата, државата излегува во пресрет и на работодавачите. За таа цел, Владата предвидува финансиска помош од Буџетот за периодот март-декември 2022 година за исплата на разликата во придонесите на нето зголемената минимална плата, појасни Тренчевска.

Пратениците од „Левица“ кои исто така имаа поднесено измени на Законот за минимална плата, го повлекоа нивниот предлог, најавувајќи дека ќе дадат поддршка на Предлог-измените поднесени од Владата.