Со 1 милион евра во кеш Жан Митрев гарантира дека нема да бега од Македонија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кардиохирургот и сопственик на приватна болница „Жан Митрев“, доктор Жан Митрев дал гаранција од 1 милион евра во кеш во Основниот Кривичен суд во Скопје дека нема да избега од државата, соопшти денеска на брифинг со новинарите, шефот на скопското обвинителство Гаврил Бубевски.

Против Митрев е отворена истрага под сомнение за измама на пациенти. Поради опасност од бегство на докторот и сопственик на приватна болница Жан Митрев во август му беше одземен пасошот. Според Бубевски, досега се сослушани 80 отсто од пациентите кои пријавиле дека се оштетени.

„Зголемени се мерките за присуство и покрај патната исправа од осомничениот е дадена гаранција дека нема да избега во готов износ од 1 милион евра во Кривичниот суд и цениме дека со овие мерки е обезбедено присуство на обвинетиот“, рече Бубевски на денешниот брифинг.

Според обвинителот, истражна постапка за случајот би требало да заврши за два до три месеци. Осомничениот, како што соопшти Јавното обвинителство, во периодот од април 2020 година до 2022 година, со намера за правно лице – приватна здравствена установа да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување факти, ги довел во заблуда пациентите лекувани од Ковид-19 со методот на хемофилтрација.

РСЕ неодамна истражуваше и дали болницата Жан Митрев без лиценциран доктор за детска кардиохирургија може да прави операции на срце кај бебиња.