Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фаталните последици од кобната авионска трагедија која се случи во близина на Техеран, во која загинаа сите патници и екипажот, вкупно 176 лица во авионот на Интернешнел ерлајнс во Иран, веднаш по несреќата се снимени на видео, на кое се гледаат запалените остатоци од леталото.
Местото на падот се гледа на ова масовно споделувано видео, наводно снимено веднаш по инцидентот, вели РТ. Целото место изгледа потполно безживотно, со остатоци од авионот што тлеат.
#Breaking First footage of the Ukrainian airplane while on fire falling near #Tehran pic.twitter.com/kGxnBb7f1q
— Ali Hashem علي هاشم (@alihashem_tv) January 8, 2020
Упатен кон украинскиот главен град Киев, боингот 737-800 се урнал откако рано утрово полетал од техеранскиот меѓународен аеродром „Имам Хомеини“. Иранските власти потврдија дека нема преживеани.
Според службата за следење летови Флајт радар 24, авионот што се срушил бил на летот ПС 752. Авионот бил стар три години и бил боинг 737-НГ.
Во авионот имало 82 Иранци, 11 Украинци, 63 Канаѓани, 3 Германци, 10 Швеѓани, 4 Авганистанци и 3 Британци, објави украинското Министерство за надворешни работи.