Снимки од Наталија Вовк која е осомничена за убиство на Дарја Дугина


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Руската Федерална служба за безбедност објави снимки со осомничената за убиството на Дарја Дугина.

На видеото кое го објавија руските медиуми се гледа како таа влегува во Русија, се вселува во истата куќа со жртвата и по убистото заминува за Естонија.

Според истиот извор се работи за Наталија Вовк, со моминско презиме Шабан, 43-годишна Украинка која претходно служела во Националниот баталјон Азов.

На видеото, најпрво се гледа како Вовк ја отвора хаубата на автомобилот, а косата и е светла. Потоа, на следната снимка се гледа како таа влегува во зградата на Дугина, но како бринета, исто како што изгледа и кога ја напушта Русија по убиството.