Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Американскиот истражувачки медиум ProPublica објави снимки кои експресно и вирално се шират на интернет.
Со денови Америка ја тресат информациите за присилно разделување на децата од илегалните мигранти од своите родители. Неодамна се појавија и снимки од деца кои се затворени во простор ограден со жичена ограда во Тексас. ProPublica објави аудио снимки од деца на возраст од 4 до 10 години кои плачат и ги довикуваат своите родители и роднини.
Против разделувањето на децата се побунија и Меланија Трамп и Лора Буш
Поради политиката на „нула толеранција“ во врска со спречувањето на илегалната миграција во период од шест недели во април и мај 2.000 деца беа разделени од своите родители. Поради тоа, против таквата политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се побуни лично неговата сопруга, Меланија Трамп, но и Лора Буш, сопругата на бившиот американски претседател Џорџ В. Буш.
На симките кои ги објави ProPublica се слуша детски плач од деца затворени во кафези во еден од камповите на американско-мексиканската граница во кој пограничните агенти ги држат децата разделени од родителите – мигранти.
Снимките на социјалните мрежи се споделуваат вирално, каде предизвикаа лавина од бурни реакции од сите оние кои тој потег го сметаат за нехумана пракса. Меѓу нив е и републиканскиот сенатор и американски воен херој, Џон МекКејн, кој на Твитер апелираше дека праксата на разделување на семејствата е „навреда за човечноста на американскиот народ и спротивност на принципите и вредностите на кои е изградена американската нација“.
The administration’s current family separation policy is an affront to the decency of the American people, and contrary to principles and values upon which our nation was founded. The administration has the power to rescind this policy. It should do so now.
— John McCain (@SenJohnMcCain) June 18, 2018