Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Саркофаг со мумија од свештеник стар 2.500 години беше откриен во Египет. Отворањето на саркофагот кој беше пронајден во гробница лоцирана јужно од Каиро, беше пренесувано во живо на Discovery Channel.
Египтологот Захи Хавас заедно со неговиот тим од египетскиот археолози отворија три запечатени саркофази за кои се смета дека припаѓаат на 26-тата египетска династија.
Во еден од саркофазите беше најдено добро зачувано мумифицирано тело од висок свештеник, завиткано во платно и украсено со златна фигура на Исис, древната египетска божица на магичните моќи и здравјето.
Тимот ги отвори и другите два саркофази – во едниот има мумија на ѓена украсена со сини бисери, а во другиот мумија на таткото во семејната гробница.
„Сметам дека во овој локалитет треба да се ископува уште 50 години“, рече Хавас за локалитетот кој беше откриен пред една и пол година.