Снимка од „Зум“ состанок на кој газда со еден муабет отпушти од работа 900 вработени


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Американскиот бизнисмен Вишал Гарг, кој стои зад компанијата Better.com, отпуштил 900 свои вработени без никакво предупредување или претходна најава на едноставно закажан групен состанок на платформата „Зум“.

Тој ги собрал сите на видео повик на Зум само неколку недели пред Божиќ и ги известил дека повеќе не работат за него.

„Доаѓам со лоши вести. Пазарот се промени, како што знаете, и ние треба да се прилагодиме за да преживееме и, се надевам, да продолжиме да напредуваме и да ја исполниме нашата мисија. Ова не е новост што ќе сакате да ја слушнете Но, на крајот, тоа беше моја одлука и сакав да ја слушнете од мене.“

„Знам дека не сакате да го слушнете ова, но сите присутни на овој состанок се дел од несреќната група која е отпуштена. Веднаш ви завршува работниот однос. Ова не е прв пат да го правам ова. Последен пат кога ова се случи, плачев, се надевам дека овој пат ќе бидам посилен“, додаде тој.

На TikTok е споделено видео од дел од неговиот говор за време на состанокот на Zoom. Откако снимката протече во јавноста, Гарг обвинил стотина вработени, кои биле прогласени за технолошки вишок, дека со својата непродуктивност краделе од нивните колеги и клиенти.

„Дали знаевте дека најмалку 250 отпуштени луѓе работеа во просек по два часа дневно, додека добиваа плата како да работеле повеќе од осум часа? Тие крадеа од вас и крадеа од нашите клиенти, кои ни ги плаќаат сметките. Образувајте се“. рече Гарг.

Кевин Рајан, главниот финансиски директор на компанијата, подоцна изјавил дека отпуштањата во овој период од годината биле шокантни. Исто така, во ноември 2020 година, Вишал Гарг испратил е-пошта до вработените во која им кажал дека се „проклето бавни“ и дека се „купица глупави делфини“.

Хипотекарната фирма на Гарг минатиот месец добила 750 милиони долари финансиска поддршка од банката за да продолжи со својот бизнис. Вредноста на компанијата се проценува на 7 милијарди долари.