Видео

Снимка од желка како спие под вода стана хит на социјалните мрежи (видео)

Видео запис кој прикажува како водна желка изгледа дека спие во вода ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи.

Водните желки обично спијат под вода, а кога ќе дојде време за одмор, бараат мирно место со константна температура, престануваат да се движат и заземаат смирена положба. Поради дополнителна заштита некогаш се вовлекуваат во оклопот, но некогаш се случува и она кое е фатено на видеото подолу.

Снимката стана вирален хит на Твитер каде почна да се споделува и шири со голема брзина, проследена и со многу шеговити коментари. „Дали сме сигурни дека спие, а не дека е мртва?“, беше еден од нив.

А еве како изгледа и „кавга“ меѓу желки за добро место за спиење.

Advertisements
To Top