Снимка од македонски пациент: Заразените од коронавирус дишат „како да имаат срчи“ во белите дробови


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Викаат дека имаат срчи или како стакло да имаат во белите дробови“, вели пулмологот проф д-р Дејан Докиќ за Во изјава за 360 степени, македонскиот пулмолог д-р Дејан Докиќ објасни како го опишуваат дишењето пациентите кои се заразени од коронавирус.

„Велат дека како да имаат срчи или стакло во белите дробови“ објаснува Докиќ.

Македонија не ја одминаа најтешките форми на болеста, кои најчесто завршуваат фатално. Најкритичните пациенти се во вештачка, медицински контролирана кома и дишат со помош на механичка вентилација.

„Се надевам дека ќе почнеме да будиме некого и да имаме успех во лекувањето“, вели д-р Илир Демири од Клиниката за инфективни болести и фебрилни болести за 360 степени.