Снимка од крвничко претепување на затвореник во Русија – крвниците можат да скапат во затвор


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шестмина затворски чувари од затворот во областа на градот Јарославал во централна Русија, под обвинение за соучество во крвничко претепување на затвореник кое снимено беше објавено на интернет.

Како што јави ДПА, приведените би можеле да бидат обвените и за надминување на овластувањата со примена на сила, за што според рускиот Кривичен закон, е предвидена казна затвор до 10 години.

Рускиот Истражен комитет информира дека осомничените „повеќепати го удирале мажот со тупаници и клоци и го мавале со разни предмети по телото и екстремитетите“.

Обвинението беше покренато откако опозицискиот весник „Новаја газета“ на својата интернет страница во петокот објави 10-минутно видео на кое се гледа како десетина затворски чувари го тепаат затвореникот, кој е легнат на маса и кој вика од болки.

Објавувањето на видеото предизвика жестоки реакции во Русија, по што Истражниот комитет иницираше истрага за случајот.

-Истрагата утврди дека осмничените дејствувале свесно и ја злоупотребиле својата службена положба, соопшти Истражниот комитет.

Организиациите за заштита на човековите права и роднини на затвореници често обвинуваат за насилство и малтретирање на осудениците во затворите во Русија.