Home Актуелно Снимка од брканицата на полицајците од МВР со криумчарот на мигранти кој се обиде да им бега

Снимка од брканицата на полицајците од МВР со криумчарот на мигранти кој се обиде да им бега

Криумчар на мигранти од скопско Студеничани е уапсен од полицијата во Куманово, откако се обидел да избега со возилото во кое превезувал пет лица.

„Вчера во 17.50 часот во Куманово на место викано Света Мина од полициски службеници од Mобилната единица при Одделот за гранични работи и миграции е лишен од слобода М.А. (28) од с.Студеничани, скопско, поради сторено кривично дело криумчарење мигранти. Тој управувајќи возило ади“ на автопатот Е-75 не застанал на даден знак за запирање на возилото од полициските службеници и се дал во бегство, но набргу, по преземени мерки и активности, бил сопрен и лишен од слобода. Во возилото биле пронајдени пет лица мигранти од Сирија. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираат од МВР и споделуваат видео-снимка.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Правилото на 2 минути што ќе ви го промени животот

Дали некогаш сте се фатиле како одложувате некоја ситна задача, велејќи си себеси: „Ќе ја …