Снимка од апсењето на жената за која турската полиција тврди дека ја подметнала бомбата која експлодираше во Истанбул


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Турските полициски служби објавија видео на кое се гледа како полицајци апсат жена за која се тврди дека е лицето кое ја подметна бомбата во Инстанбул.

На видеото се гледа како специјалните полициски сили влегуваат во стан, ставаат лисици на жената и вршат претрес во просториите, откривајќи, меѓу другото, оружје.

Во исто време, корисниците на Твитер објавија фотографии од осомничената жена по нејзиното апсење.

Апсењето на „лицето“ кое наводно ја оставило бомбата во Истанбул го објави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, обвинувајќи ја ПКК, Работничката партија на Курдистан, за нападот вчера во неделата во центарот на Истанбул.

Во исто време, турското Министерство за надворешни работи соопшти дека се уапсени повеќе од дваесет осомничени, меѓу кои и лицето кое наводно ја оставило експлозивната направа на авенијата Истиклал.

– Лицето кое ја поставило бомбата е уапсено. Врз основа на нашите заклучоци, терористичката организација ПКК е одговорна за експлозијата на бомбата – рече Сојлу, според турски медиуми, без, сепак, да прецизира дали станува збор за маж или жена.