Снимија порно во црква, свештениците се фатија за глава бидејќи не им можат ништо!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Интересна приказна ни доаѓа од Холандија. Тамошното обвинителство ја отфрли казнената пријава на католичките свештеници од Тилбург против двајца порно актери кои снимиле филм за возрасни во исповедалницата на тамошната црква.

Филмот е објавен на една холандска порно страница. Властите велат дека порно филмот е навредлив, но во Холандија не постои закон против сквернавење.

Свештеникот од црквата Свети Јосиф, Јан ван Ноорвеген вели дека воопшто не е среќен заради ваквата одлука. Од црквата се жалат дека со правниот систем нешто длабоко не е во ред.

Црквата сега треба да одлучи дали ќе подигне приватна тужба. Иако тоа е малку веројатно, свештеникот Хари де Сварт вели дека е разочаран од одлуката на обвинителот, тврдејќи дека снимателите и актерите морале да ја прескокнат ограта на црквата за да дојдат до исповедалницата.

„Во министерството за правда велат дека на вратата требало да ставиме знак ’не влегувај’ и дури тогаш би можеле да ги процесуираат луѓето кои ќе го направат тоа. Но, апсурдно е да ставиме таков знак на црковна врата“, рече Де Сварт.

Ван Норвеген е загрижен дека тоа би можело да стане опасен преседан. „Замислете само, ако може да се случи во црква, може да се случи било каде, во градското собрание или во ресторан“, вели тој.