Снимен целиот процес: Вака се произведува Porsche Taycan


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во производствениот погон во Зуфенхаузен, од минатиот септември започна производството на Порше „Taycan“.

Се работи за нова фабрика која е градена четири години, а ја нарекуваат „фабрика на иднината“ затоа што нема негативни влијанија за околината.

Се користат обновливи извори на енергија и се е на електричен погон, дури и возилата за логистика.

„Taycan“ се прави со помош на напредни и прецизни роботи под надзор на стручниот персонал.

Во снимката од 29 минути можете да го видите процесот на правење на еден „Taycan“ чии први примероци ќе бидат испорачани на купувачите во декември.

Овој електричен спортски автомобил со 4 врати може да развие и до 750 коњски сили, од 0 до 200 км/ч забрзува за само 9,8 секунди, додека со едно полнење може да пројде и до 450 км.