Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Глумиците кои пред неколку дена го обвинија Џејмс Франко за сексуално злоставување сега во јавност изнесуваат уште детали.
Вкупно за злоставување го обвинија 5 жени, а меѓу нив и глимиците Виолет Палеј и Сара Тите – Каплан, а сега во јавност излегоа со уште детали. Виолет тврди дека Франко ја натерал на орален секс, додека останатите четири биле студентки во неговата, сега затворена школа за глума. Сара тврди дека еднаш додека снимале сцена од оргии, ја отстранил пластичната заштита која глумиците ја носат при снимање на такви сцени. Тој продолжил без никаква бариера помеѓу неговата уста и нејзината вагина, вели Сара.
Today I am serving urgent care looks. Please enjoy. #bronchitischic pic.twitter.com/D9JDoAJast
— Sarah Tither-Kaplan? (@sarahtk) December 3, 2017
Вели дека сцената снимена за неговиот филм The Long Home, ја прифатила поради што мислела дека тоа ќе и ја подобри кариерата. Исто така таа вели дека сцени каде што била топлес, без нејзина дозвола завршиле на Vimeo.
„Сега ако го гуглате моето име, ќе излезат голи фотографии. Пред воопшто да се појавам на ТВ и пред воопшто да направам нешто со мојата кариера. Нормално дека не го сакав тоа“, вели глимицата за ЛА Тајмс.
Откако се согласила да ја снима сцената од оргии, Сара била повикана на уште едно снимање, додека пак девојката која одбила да се снима топлес, не била повеќе повикана. „Многу брзо сфатив дека не треба да речам не“, раскажува таа.
Виолет Палеј вели дека Франко и помогнал да работи на едно сценарио во текот на 2016 година, и така завршиле во врска. Тврди дека на почетокот од врската ја присилувал на орален секс.
„Зборувавме и одеднаш неговиот пенис беше надвор“, вели таа и додава „Станав нервозна и прашав дали може тоа да го направиме подоцна. А тој ми ја туркаѓе главата према долу. Не сакав да ме замрази па го направив тоа.“
Биле во автомобил, и таа тврди дека и дозволил да престане дури кога и се причинило дека доаѓаат луѓе.
Хилари Дусом и Натали Чмиеел тврдат дека незгодни искуства со Франко имале во 2012 година која ги поврзал да глумат во краток филм. На среде снимање, кое се одвивало во стриптиз клуб, Франко ги прашал дали сакаат да снимаат топлес. Кога никоја од нив не се согласиле, тој налутен заминал од снимањето.
„Мислев дека ме одбра поради мојот талент или работа, а испадна дека ме зел само поради тоа што имам убави гради“, тврди Дусом. „Ја искористи нашата волја за работа и желбата да бидеме дел од нешто големо. Ние сите бевме глумци во развој, за кои имаше многу надеж“, вели Чимел.
На Франко на друштвените мрежи му се обратила и Али Шиди, наводно за врската со 17 – годишна тинејџерка Луси Слод која била на една негова претстава. Таа се сликала со него а сликата подоцна ја објавила на Инстаграм. А Франко ја нашол на друштвените мрежи и контактирал.
Таа добила покана да се сретнат во хотел, а сето тоа го објавила на својот Фејсбук профил.