Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Снимањето на секс сцени не е ни малку лесна работа, особено кога актерите треба да се расоблечат пред цела филмска екипа и да глумат дека се во љубовен занес.
На мажите секогаш им припаѓа потешката улога бидејќи за разлика од жените, кај нив е мошне тешко да се сокрие сексуалната возбуда.
Ако се прашувате како се снима една секс сцена, како на пример оние од „50 нијанси сиво“, во прилог ви откриваме неколку интересни нешта кои што се случуваат за време на снимањето.
Интимна перика
Некои режисери практикуваат користење на интимна перика за време на снимањето на сексот. Па, така актерите и актерките се приморани да носат лажни влакна таму долу. Гласините велат дека Кејт Винслет носела една ваква перика за време на снимањето на The Reader.
Торбички за криење на ерекцијата
Можете само да замислите како им е на мажите кога за време на секс сцена ќе доживеат кулминација. Затоа повеќето од нив носат посебни „чорапи“, односно торбички за пенисот во кои нивниот „пријател“ е на сигурно.
Долна облека во месо боја
За актерката да изгледа потполно голо, на нејзините интимни делови се прилепува посебна танга во месо боја. Во комбинација со вистинскиот агол на снимање оваа финта прави чуда.
Затскривачи на брадавиците
Ова се мали парчиња материјал кои се лепат врз брадавицата, а оставаат впечаток дека целата града е гола. Така актерката изгледа дека е топлес, додека најнежниот дел од нејзините гради е на сигурно.
Топчиња за вежбање
Како да се сними секс сцена во која актерката е од горе? Едноставно! Со користење на мала топка за вежбање. Истата се става помеѓу актерите, со што актерката седнува на неа, а од страна изгледа како е седната директно врз својот колега со кого има жешка секс сцена.
Вештачки гениталии
Кога она што го гледате на малите екрани изгледа премногу добро за да биде вистинито, најверојатно е. Честопати во секс сцените се употребуваат и вештачки гениталии со цел да се долови ефектот на вистински човек.
Глицерин и масло за тело
Ах, колку само се возбудени главните актери во онаа секс сцена. Толку се понесени од возбудата што се препотуваат. Епа, не баш. Она што ние го гледаме како пот во најголем дел од случаите е глицерин или масло за тело.