Снимал документарец за канибалистичка хиндуистичка секта, па му дале да јаде човечки мозок (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


CNN уште во 2017 година емитуваше серија наречена „Верник“ која ја водеше телевизискиот водител Реза Аслан, во која меѓу другото било прикажано и јадење човечко месо.

Во една епизода, водителот на шоуто Реза Аслан посетил канибалистичка хинду секта и му било понудено она што било претставено како парче човечки мозок.

Не само што Аслан јадел човечко месо, туку и носел ѓердан направен од делови од човечко тело, а лицето му било измачкано со пепел на кремиран човек. Во еден момент од епизодата, еден од номадите Агори кои Аслан ги посетил дури му се заканил дека „ќе му ја отсече главата ако продолжи да зборува толку многу“.

Снимањето брзо завршило кога култниот член почнал да го фрла сопствениот измет кон Аслан и останатите членови на екипата на Си-Ен-Ен, принудувајќи ги да си заминат. Пред емитувањето на епизодата, Аслан на Фејсбук напиша: „Сакате ли да знаете каков вкус има мозокот на мртов човек? На јаглен. Беше пржен!“

Во тоа време, шоуто на Аслан било на удар поради сензационалистичкиот пристап кон хиндуизмот, третата по големина религија во светот.

„Неверојатно е бесчувствително и непромислено од страна на Си-Ен-Ен да турка сензационални и гротескни слики на брадести кафеави мажи и нивната морбидна и смртоносна религија во време кога Соединетите Држави минуваат низ невиден период на вознемиреност и страв“, рече Вамсе Џулури, професор од Универзитетот во Сан Франциско.

Американско-индискиот политички акционен комитет во соопштение вели: „Со повеќекратни извештаи за напади мотивирани од омраза врз луѓе со индиско потекло од цела САД, шоуто го прикажува хиндуизмот како канибалистички, бизарен начин на гледање на третата по големина религија во светот. Во напната средина, таквото шоу може да создаде перцепција за Индијците што би можело да ги направи поранливи на понатамошни напади“.

Тулси Габард, која била првата Хинду жена избрана во американскиот Конгрес, напишала на Твитер: „Си-Ен-Ен ја користи својата моќ и влијание за да го зголеми недоразбирањето и стравот кај луѓето од хиндуизмот“.