Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
„Длабоко ме разочара тоа што денес, заради лична промоција, е злоупотребена отвореноста на дубровничките цркви со цел снимање на непримерни фотографии под плаштот на уметноста, на што ќе мораме медиумски и правно да реагираме“, нагласи дубровничкиот бискуп Мате Узиниќ, реагирајќи на снимањето кое го направи Deutche Film undFernsehakademie Berlin, односно германската академија за филм и телевизија, која на повеќе локации во Дубровник, вклучително и една црква, фотографираше женски модел во компромитирачко разголено издание.
Снимање на документарецот The Colour Nude
Станува збор за документарниот филм The Colour Nude, во кој ќе биде портретиран дубровничкиот фотограф Стјепо Брбора, кој се бави со фотографирање актови. Брбора последните два дена го фотографираше 64-годишниот модел Весна Кнежевиќ од Белград, сакајќи да ја прикаже нејзината убавина, без оглед на возраста, вклопена во убавината на Дубровник.
Германската филмска екипа тврди дека се потрудиле сето снимање да помине доста дискретно, бидејќи знаеле дека конзервативното население може да реагира на голотијата во црквата.
„Тоа е еден вид субверзија. Ги обиколивме круцијалните историски места каде можеме да кокетираме со ѕидот, Држиќ и самиот Дубровник, а сето тоа зачинето со еротика, односно одредени еротски емоции. Со фотографиите сакаме да го избегнеме клишетизираниот стеротип за убавина, предрасудата дека тоа можат да го прават само млади жени. Ова е еден нов предизвик и засега сме презадоволни“, вели дубровничкиот фотограф Брбора.
Филм за ослободување и разбивање на табуата
Маријана Верхоеф, режисерка на филмот, вели дека Дубровник е идеален проади светлината и историскиот контекст, особено затоа што и целта на самиот филм е разбивање на табуата и рушење на границите помеѓу минатото и сегашноста. Инаку, моделот е нејзина мајка.
„Тоа ќе биде филм за ослободувањето и за женската убавина, без оглед на возраста. Мојата мајка има 64 години и сакаме тоа да го прикажеме како нешто најнормално на светот. Сакаме да упатиме порака дека жените од 50 или 60 и повеќе години можат да се разголат и дека тоа е убаво, баш како и кога ќе се разголи млада девојка. Не ги криеме брчките, недостатоците и тоа е идејата на целиот филм – разбивање на одредени табуа“, изјави Верхоеф за „Дубровнички дневник“.
„Намерно исценирана Содома“
Но, црквата не гледа со благонаклонетост на уметничката слобода. А тоа го потврди дубровничкиот бискуп Узиниќ, кој најави и правни мерки против „злоупотребата на отвореноста на црквите“.
„Молејќи се вечерва на Бога за нас кои сме повредени со ова, со распнатиот Исус сакам да се помолам и за оние кои го предизвикаа тоа со зборовите: Господе, прости им, не знаат што прават!“, стои на крајот од пораката која бискупот ја напиша на социјалните мрежи. Веднаш се јавија некои свештеници кои реагираа на „нападот на црквата“.
„Намерно исценирана Содома…! Намерно сквернавење на божјиот храм! Бог да ви даде сила“, се јави дон Винко Пуљиќ од Хрватската католичка мисија во германски Зиген.
Некои се за поставување на чувари, односно стражари. Тоа е предлог од фратарот Ивица Мајсторовиќ.
„Градот би требало да издвои барем толку средства колку да ја заштити светоста на сакралните градби, да постојат стражари, па да не може да влезе никој кој не е соодветно облечен, како што е тоа секаде по светот. Ако градот нема за тоа, тогаш тоа останува на вас, браќа свештеници“, пиша Мајсторовиќ.