Снежните врнежи продолжуваат и денес – четврточна временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Четврток носи облачно време со снежни врнежи и ветар кој ќе дува претежно од северен правец.

Снежната покривка според најавите на метеоролозите ќе се порасне за 10 до 20 сантиметри, но температурите утрово и во текот на цел ден ќе бидат нешто поблаги во однос на вчера.

Од -6 до 1 ќе бидат температурите утрово додека дневните ќе се движат од -4 до 3 степени.

Исто време ќе има и во главниот град. Снежни врнежи и денес на територијата на град Скопје и ветер од северен правец.

-5 степени ќе достигне утринската додека дневната до -1 степен. Стабилизација на времето се најавува веќе од утре.