Advertisements
Актуелно

Снежниот хаос во Европа трае

Нема крај за снежниот хаос кој тресе одредени делови од Европа. Последните метеоролошки статистики прогнозираат дека и во наредните денови состојбата во Европа нема да се подобри.

Порталот „Severe Weather Europe“ јавува дека на Алпите пристигнува нова снежна бура која што ќе трае 48 часа. Се очекува дека на места ќе паднат нови 150 сантиметри снег. Најкритично се очекува да биде во Швајцарија и во Австрија.

Австриската државна телевизија „ОРФ“, пренесува дека состојбата во веќе погодените подрачја Тирол и делови од Салцбург, е критична и таму во сила е највисок степен на опасност од лавини.

Advertisements

Најпопуларно

To Top