Home Вебкафе Снежна радост и во Ватикан: Свештениците се замаваа со топки

Снежна радост и во Ватикан: Свештениците се замаваа со топки

Снегот многумина ги „изнесе“ на улиците, ретко кој не ужива во снежните лудории. А и во Рим не само што децата се радуваа на снегот во него уживаа и свештениците од Ватикан.

Во Рим ова е најголемиот снег што паднал кон крајот на февруари во последните неколку децении. Полицијата ги предупреди жителите да не излегуваат надвор доколку не мораат. Војската е ангажирана да помогне околу чистењето на снегот, а сообраќајот се одвива отежнато.

Градоначалничката на Рим, Вирџинија Раџи синоќа донесе одлука од денеска сите државни училишта да останат затворени. Таа одлука ја прифатија и многу приватни образовни институции.

Италијанската престолнина не е опремена со потребната опрема за чистење снег, поради што властите морале да се обратат за помош до другите градови. На главниот римски аеродром Фјумичино работи само една писта. Повеќето аеродроми во земјата се отворени, меѓутоа има одложување на некои летови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Бијонсе и Џеј-Зи размислуваат да го тужат Кање Вест поради скандалозни изјави за нивните деца

БИЈОНСЕ И ЏЕЈ-ЗИ РАЗГЛЕДУВААТ ТУЖБА ПРОТИВ КАНЈЕ ВЕСТ ПОРАДИ СКАНДАЛОЗНИТЕ ИЗЈАВИ ЗА НИВНИ…