Снеголенд во Закопане: Видете го најголемиот снежен лавиринт на светот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во 2016 година, во популарниот зимски полски центар Закопане, беше изграден најголемиот снежен лавиринт на светот.

Истиот беше направен од 60.000 снежни блокови, на површина од 2.500 квадратни метри. Со тоа се создадоа снежни ходници низ кои добивате чувство дека можете бесконечно да скитате, бидејќи нивната вкупна должина изнесува повеќе од еден километар, а ѕидовите се високи 2 метри.

Ова место стана многу популарно, како кај децата, така и кај возрасните, кои се љубопитни да се обидат да го најдат патот до излезот од овој снежен лавиринт. А децата дополнително се импресионирани од снежниот замок.

Авторите и изведувачите на ова импресивно снежно дело, Артур Хабер и Јарослав Ситај, работат во истиот зимски центар. Тие се погрижиле, кога авантуристите ќе го најдат излезот од снежниот лавиринт, да влезат во импресивен снежен замок.