СМС порака која го шокираше Холивуд: Фриман имал сексуална врска со својата „внука“?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Содржината на пораката која го шокираше светот на американскиот шоубизнис вели: „Јас нему му се обраќам за совет, го блокирав и тоа поради себе бидејќи човекот кој би требало да има кон мене чувства како дедо, а има како маж, не треба да биде во мојот живот“. Тоа му го напишала шест недели пред смртта Едена Хејнс на своето тогашно момче кое подоцна ја уби.

Познатиот холивудски актер Морган Фриман (80) наводно имал сексуална врска со покојната актерка Едена Хејнс која практично му беше внука, всушност ќерка на неговата посвоена ќерка. Имено, холивудската легенда ја посвои Дена Адар Фриман (54), ќерката на својата прва сопруга Џенет Адар Бредшо (81) со која беше во брак до 1979 година.

Дена во 1982 година ја роди Едена, но интересно е што неа ја изгледа и ја воспитуваше токму Фриман и тоа со својата втора сопруга Мирна Коли-Ли. Mеѓутоа сите актери оваа семејна плетканица ги затекна кога во ужасна трагедија во 2015 година Едене беше избодена до смрт од нејзиното тогашно момче Ламар Девенпорт (33), кому му се заканува казна од 25 години затвор.

Токму Девенпорт го обвини Фриман дека имал сексуална врска со својата внука, а како доказ наводно има СМС пораки кои ги добивал од неа. Во пораките таа тврдела дека Фриман кон неа има „чувства недолични за еден дедо“.

Но, Девенпорт не е првиот кој има вакви импликации. Долго се зборуваше дека Фриман бил во десетгодишна врска со Едена уште од нејзините тинејџерски денови и дека токму таа е причината за крахот на неговиот прв брак.

Дали станува за нова афера или само за шпекулации, останува да покаже времето.