Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Светската метеоролошка организација (СМО)и официјално ја потврди новата рекордна температура на Антарктикот од 18,3 степени Целзиусови, која беше измерена во февруари 2020 година.
Пред конечната потврда за секој нов рекорд на температура, СМО секогаш врши прецизна проверка на мерните уреди.
Претходниот рекорд беше 17,5 степени Целзиусови, измерен во 2015 година.
„Антарктичкиот полуостров (северозападниот врв близу Јужна Америка) е еден од регионите со најголемо затоплување на планетата, речиси три степени Целзиусови во последните 50 години. Овој нов рекорд на температурата е во согласност со досегашните климатски промени“, изјави првиот човек на СМО, Петери Таалас.
Антарктичките глечери и глечерските капи се топат во океанот близу копнените брегови. Нивното зголемено топење влијае врз нивото на морето, предупреди Александар Хауман од Универзитетот во Принстон.
-Во западен Антарктик, во последните 30 години има зголемено топење, побрзо од кое било поголемо топење на мразот забележано од последното ледено доба, рече Хауман. „Меѓутоа, ние се уште не знаеме точно како и дали воопшто, ова зголемено растопување е поврзано со климатските промени предизвикани од човекот, додаде тој.