СМК: Идентитетот и името на државата, жртви на злосторничко здружување на СЈО, судството и Владата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По повод актуелните настани со свое соопштение се јави Светскиот Македонски Конгрес кој упати сериозни обвинувања за злосторничко здружување и велепредавство. Го пренесуваме во целост:

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со загриженост го следи развојот на настаните во врска со Специјалното јавно обвинителство (СЈО) формирано за компромитација на политички неистомисленици, а со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата.

СМК оценува дека Бојан Јовановски алијас Боки-13 и неговото здружение “Меѓународен сојуз“ не се изолиран случај, туку во прашање е злосторничко здружение за организиран криминал и висока корупција помеѓу СЈО и Владата, Јавното обвинителство, Основниот, Апелациониот, Врховниот и Уставниот суд на Македонија, кое рекетирало лица под истрага за предметите што ги водело СЈО.

СМК смета дека специјалниот јавен обвинител ја искористил својата службена положба и овластување по Законот за СЈО и Законот за кривичната постапка, и за себе и за други лица прибавил имотна корист во значителен износ.

СМК најостро ја осудува пресметаната неажурост на Јавното обвинителство под влијание на Владата за притвор против Катица Јанева, која од денот на обелоденувањето на скандалот “Рекет“ во јавноста од италијанскиот весник “Ла Верита“ до денешната мерка притвор беше на слобода, иако беше очигледно дека влијае на сведоците и ги уништува доказите за организиран криминал и висока корупција.

СМК бара Уставниот суд веднаш и безусловно да го поништи Законот за СЈО по иницијатива на СМК од 21 октомври 2015 година, заради судење во неразумен рок, а поради штетите по буџетот и даночните обврзници, демократијата, правата и слободите на граѓаните.

СМК повторува дека поништувањето на Законот за СЈО никого не ослободува од кривична одговорност за сторени дела против нацијата и државата, за сите постои Јавното обвинителство на Република Македонија кој по Устав претставува единствен и самостоен државен орган кој ги гони сторителите на кривични дела и на други со закон утврдени казниви дела!

СМК бара неотповиклива оставка на Владата, распуштање на Собранието и вонредни парламентарни избори!

Истовремено, СМК за малициозна ја смета изјавата на владиниот портпарол, “притворот на Катица Јанева да не го злоупотребуваат непријателите на евро-атлантските интеграции на Македонија“ и ја потсетува Владата дека на референдумот одржан на 30 септември 2018 година речиси две третини од вкупниот број запишани избирачи не гласаа за членство на Македонија во ЕУ и НАТО, односно не ја гласаа Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година! ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

СМК очекува расчистување на мега скандалот “Рекет“ и истрага, обвинение и пресуди против сите инволвирани лица, и конфискација на парите кои биле предмет на рекет!

СМК бара Управата за јавни приходи (УЈП) да изврши контроли и постапки за потекло на имотот кај сите физички и правни лица поврзани со мега-скандалот “Рекет“, во делот кој се однесува на даноците и исплатите во Меѓународниот сојуз, 1ТВ, БМЈ груп и сите останати даночни обврзници кои со именуваните биле во деловни односи и соработка поради даночни затајувања.