„Смирена-скарана“ работава: Бибер и Селена повторно раскинаа


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ѕвезди од помладата генерација во светот на шоубизнисот и музичката индустрија, Селена Гомез и Џастин Бибер повторно ја раскинаа својата врска.

Според американските медиуми, Селена Гомез и Џастин Бибер моментално се на „пауза”.

Иако на многумина не им е јасно што се случува со славниот пар, во јавноста се појавија шпекулации дека мајката на Гомез, Менди Тифи, кoја не ја поддржува оваа врска е главниот виновник за раскинувањето.

Сепак, списанието „People” објави дека ова не е поврзано со Тифи, туку парот имал меѓусебни проблеми.

„Имаат некои несогласувања, но не би ме чудело ако се смират”, вели извор близок до парот.