Актуелно

Сменет Зечевиќ: Душко Васковски е нов организациски секретар на СДСМ

На состанокот од Централниот комитет на СДСМ кој викендов се одржа во Охрид, директорот на „Водовод и канализација“, Душко Васковски беше назначен за нов организациски секретар на СДСМ, заменувајќи го на тоа место Миле Зечевиќ.

Претходно Весковски работеше како раководител во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, по што беше назначен за в.д. генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Душко Весковски е роден на 28.01.1985 година во Скопје, Карпош, Република Македонија. Основното и средното образование ги завршува во Скопје.Дипломира на Правниот факултет “Јустинијан Први”, насока – правни студии..

Весковски станува познат на јавноста како прв човек на општинската организација на СДСМ во Карпош. Неговото име на последните локални избори во Македонија се споменуваше како можен кандидат за градоначалник во општина Карпош.

За Весковски сопартијците коментираат дека е млад, амбициозен, (не)познат за пошироката јавност, но доволно познат за скопјани и според многумина веројатно личноста кој би требало да ги убеди Скопје и скопјани дека Република Северна Македонија е на вистинскиот колосек и покрај сериозните предизвици.

Advertisements
To Top