Смена на шефот на дипломатијата: Џереми Хант е новиот прв димпломат на Британија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По поднесената оставка на Борис Џонсон на местото шеф на димпломатијата, која тој ја поднесе во знак на протест против планот на британската влада за поблиски трговски односи со ЕУ, Велика Британија експресно го доби новиот прв дипломат. На таа функција е назначен Џереми Хант кој од 2012 година беше министер за здравство.

„Кралицата со задоволство го одобри именувањето на пратеникот Џереми Хант за државен секретар за надворешни работи и Комонвелт“, стои во соопштението на британската премиерка Тереза Меј што го пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Покрај Борис Џонсон, оставки поднесоа уште двајца министри во кабинетот на Меј, меѓу нив и министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис, потоа неговиот заменик Стив Бејкер во Одделението за излез од ЕУ и Сјуел Браверман, државна секретарка за Брегзит. Мотивите и за нивните одлуки се идентични – протест против мерките по излезот од Европската унија што беа усвоени во петокот. Нов министер за Брегзит е Доминик Раб.