Смеа во Собранието кога беше констатирано отсуство на пратеникот Никола Груевски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот човек на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, го врати на ново гласање Законот за државни награди бидејќи при првото гласање не се постигна потребниот број од 61 глас „за“ во рамки на денешната собраниска седница.

Врз основа на Деловникот, Џафери побара од пратениците да гласаат поединечно. Неговото барање беше одобрено од 60 пратениците, пренесува ФОкус.

При тоа Џафери ги повика пратениците да седнат на своите места, а на службите во Собрание им нареди да ги затворат вратите од салата.

“Службите да ги затворат вратите и да нема влез и излез од салата при гласањето. Има повеќе од 60 пратеници присутни, но да нема нови влегувања и излегувања“ – рече Џафери.

Имињата на пратниците почна да ги чита генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова. Кога дојде до името на осудениот екс премиер, Никола Груевски, кој формално сè уште е пратеник, Иванова констатираше дека тој е отсутен, што предизвика смеа кај пратениците.

„Е па сега пратеник е сè уште“ – рече Иванова.

По гласањето Џафери рече дека „за“ Законот за произнеле 61 пратеник, а против бил 18.