Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Најстарата целосно зачувана музичка композиција на светот е песната на Сејкил (Σεικίλος), старогрчки лирски поет од I век пред нашата ера.
Текстот на композицијата и музичката нотација се врежани врз една надгробна мермерна стела, пронајдена во 1883 година во Тралес, Мала Азија, во близина на античкиот град Ефес. Сејкиловиот епитаф се состои од само четири стихa:
Ὅσον ζῇς, φαίνου, [hóson zêis, phaínou]
μηδὲν ὅλως σὺ λυποῦ· [mēdèn hólōs sù lupoû]
πρὸς ὀλίγον ἐστὶ τὸ ζῆν, [pròs olígon ésti tò zên]
τὸ τέλος ὁ xρόνος ἀπαιτεῖ. [tò télos ho khrónos apaiteî.]
[Дури жив си, блескај ти,
за ништо не се тревожи!
Животот е краток, знај,
времето си бара крај.]
Поетот Сејкил ѝ го посветил епитафот веројатно на Евтерпа, која можеби му била сопруга. Евтерпа е и името на едната од деветте грчки музи – музата заштитничка на музиката. Сејкиловиот епитаф денес е во Националниот музеј на Данска, во Копенхаген.
Извор: ΑΡΓΩ (Фејсбук)