Слушнете ја официјалната химна за Мундијалот во Русија! (Видео)

word cup

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


До почетокот на Светското првенство во фудбал остануваат само уште три недели, а организаторите конечно ја претставија официјалната химна на Мундијалот.

Песната го носи името „Let it up“ и е во изведба на Ники Џам и Ера Истрефи, а тука е и добро позната холивудска ѕвезда, актерот Вил Смит.

Тие ќе се појават на финалето на 15 јули кога во живо ќе се изведува песната, а Вил Смит истакна дека му е голема чест што е дел од овој проект.

„За мене е голема чест што сум дел од химната на Светското првенство. Ова е глобално случување кое го привлекува вниманието од целиот свет. Соработката со Ники и Ера претставуваше вистинска хармонија и склоп на различни жанровори. На крајот на денот сакаме само да видиме како светот танцува“, порача Смит.

Засега првите коментари за химната се многу позитивни.