Слушнете ја најстарата песна на светот: Сумерска химна од пред 3.400 години


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во раните ’50-ти години од минатиот век, археолозите откопаа неколку глинени плочки кои датираат од 14 век пред нашата ера. Плочките кои се најдени на просторот од античкиот сириски град Угарит, имаат знаци од хуриан јазикот, записи кои испадна дека се најстарото запишано музичко дело кое досега му е познато на човештвото. Станува збор за 3.400 години стара култна химна.

Музичкото дело, пишува Ричард Финк во 1988 година во напис за Аrcheologia Musicalis, потврдува дека 7-нотната дијатонска скала, како и музичката хармонија, постоеле уште пред 3.400 години. Тоа, вели Финк, им возвраќа удар во лице на многу многу музиколошки ставови и гледишта дека античката хармонија виртуелно не постоела (или била дури и невозможна), а скалите се стари само колку Античките Грци.

19.01.OldestSong1

Ричард Крокер вели дека ова откритие прави револуција во целокупниот концепт за потеклото на западната музика.

На видеото подолу имате можност да чуете миди верзија од древниот музички запис, со тоа што секако, ќе го имате во предвид фактот дека миди клавијатурата не е сумерски избор на инструмент за изведба на оваа композиција, како и тоа дека ритамот на музичкото дело е само претпоставка (оригиналот, нормално, не е познат).