Слушнете ја најновата божикна песна „Небо и земја”


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По повод претстојните божиќни празници, голем број македонски музички ѕвезди снимија песна и спот под наслов „Небо и земја“.

Во прекрасното празнично дело свој придонес дадоа Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Димитар Андоновски, Некст Тајм, Љубојна, Златно Славејче, Ивица Јанкуловски (студио Алшар), Владимир Димовски (аранжман), Петар Христов (кларинет), Тимко Чичаковски (канон), Симона Богоевска (харфа), Владимир Цветковски ,(виолина), Владимир Димовски (виола), Кирил Јосифов (виолончело), Митко Иванов (контрабас).

Спотот е снимен од страна на Мелем продукција со помош на Дарко Даниалов кој се погрижил за кадрите направени со дрон.

Погледнете ја прекрасната изведба и спот.

Инаку денес од 11 часот, Македонија ќе биде домаќин на најголемиот Божикен настан во регионот, на кој се очекува учество на околу 10 илјади деца од целата земја. Во Скопје, на плоштадот пред Црквата Св.Димитриј, ќе се одржува ГОЛЕМА БОЖИКНА МАНИФЕСТАЦИЈА со Божикен концерт и Божикна претстава на кои што ќе им претходи топол дочек на коледарчињата преку Камениот мост со бесплатни Бадникови чајчиња и колачиња за секое дете.