„Слушај како тревата расте“: Научниците ќе ги слушаат звуците од растењето на тревата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тревата, а поконкретно пченката, навистина произведува „звуци” додека расте. Научниците тоа откритие сакаат да го искористат за да создадат една сорта која подобро би ги издржала силните ветрови, кои инаку ги кршат стебленцата.

Во основа, кога за некого се вели дека „слуша како расте тревата”, тоа обично значи дека тој има одличен слух и дека понекогаш така слуша и некои работи кои воопшто не постојат. Но тревата, а пченката всушност спаѓа во трева, всушност навистина произведува „звук” додека расте: „Веруваме дека растот на билката предизвикува милиони кршења на влакната, а тие кршења ја наведуваат билката да ги поправа тие пукнатини” – објаснува Даглас Кук од Универзитетот во Њујорк.

Американските научници имаа многу добра причина да постават минијатурни микрофони на стеблата на пченката: сакаа подобро да го разберат процесот на растот со цел да најдат начин да го спречат ветерот да не ги крши стеблата на пченката. А такви олујни невремиња во овој период на климатски промени се почесто се случуваат во делови на САД каде пченката традиционално се одгледува.

Пченката е таму една од најважните житарки и годишно се збираат околу 350 милиони тони. Но, поради ветровите редовно се губи огромна количина на пченка. Токму со тие микрофони тие утврдиле дека стабилноста на стеблата секако е нарушена со минијатурни пукнатини во влакната кои потоа можеме да ги слушнат, но тие скрешни делови едноставно не можат да се избегнат, посебно во период кога пченката расте брзо.

Тоа е едноставно процес на раст на тревата и тоа всушност и на нас може да ни биде познато. И човекот во тек на вежбање и невообичаени мускулни активности така чувствува болка во мускулите. Таа болка во човековите мускули всушност предизвикува кршење на мускулните микровлакна во саркомери, а всушност тие напукнувања доведуваат до раст на „нови мускули”.

Научниците така откриле што може да помогне на билките при силни ветрови: ние имаме коски, а кај пченката се пресудни лисјата кои даваат стабилност на стеблото. Затоа се бара сорта на пченка со силни и цврсти лисја, кои ќе помогнат кога има олујни ветрови.