Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Веќе е евидентно дека Герет Бејл не е еден од најважните фудбалери на Реал Мадрид, како што беше во минатото, па во последно време се гледа дека Велшанецот е во длабока криза.
Мадридскиот весник „АС“ откри интересна случка од соблекувалната, која се случила на полувремето на мечот со Јувентус во ЛШ. Бејл го започна натпреварот како стартер, но играше многу лошо, а Реал Мадрид губеше на полувремето со 2:0.
Уште при влегувањето во соблекувалната Роналдо му забележал на Бејл дека игра слабо и пасивно, на што Велшанецот одговорил само со насмевка. Тоа го налутило Зинедин Зидан и веднаш го замени со Лукас Васкез во второто полувреме.
With Bale and Benzema’s recent performances, they’re unlikely to start against Bayern on Wednesday. Isco, Lucas and Asensio are ahead in the pecking order. [marca] pic.twitter.com/yH7cXoHSVE
— SB (@Realmadridplace) April 19, 2018
После тоа Бејл воопшто не беше во групата за мечот со Малага, а против Билбао влезе како резерва во последните 20 минути.
Шпанските медиуми тврдат дека Реал и Бејл на крајот на сезоната сигурно ќе се разделат, бидејќи Зидан нема повеќе доверба во него.