Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Случајот Донарума повторно е главна тема на Апенините, откако се појавија информации дека неговиот агент Мино Раиола ќе го тужи Милан за потпишување на договорот под притисок.
До клубот било испратено писмо во кое се тврди дека Донарума бил под психолошки притисок минатото лето кога го потпишувал договорот, а јасно е дека позади сето тоа стои Мино Раиола.
Најавен се судски процес со кој контроверзниот менаџер сака да го раскине договорот, па како слободен агент да го однесе Донарума во Париз, и секако да добие огромна провизија.
Изговорот дека голманот потпишал договор под психолошки притисок потпишал делува нереално, па правните експерти и медиумите тврдат дека тешко на тој начин ќе биде раскинат договорот и Милан секако ќе го добие спорот.
Но, планот на Раиола е јасен, тој сака да го принуди Милан да го продаде Донарума, а притоа значително да ја намали цената на голманот. Тоа најверојатно и ќе го постигне бидејќи „росонерите“ се уморни од целата ситуација и спремни да го продадат Џиџо за да стават крај на соработката со Раиола.
Сега прашање е по која цена. Пред потпишувањето на договорот било договорено да има две откупни клаузуло (40 милиони ако Милан не се пласира во ЛШ и 70 милиони ако клубот следната година игра во ЛШ), но тие не биле вметнати во договорот и не се потпишани.
Милан е спремен веднаш да го продаде Донарума и да стави точка на целата ситуација, но за тоа бара 70 милиони евра, сума која ПСЖ не е спремен да ја плати во јануари. Медиумите тврдат дека Раиола веќе има договор со клубот од Париз и сака што е можно повеќе да ја намали цената на младиот голман.
Навивачите исто така се уморни од целата ситуација, па јасно е дека деновите на Донарума на „Сан Сиро“ се одброени. Останува да видиме кога ќе биде продаден и по која цена.