Случајно откриено името на новиот тренер на Реал Мадрид?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако после заминувањето на Зинедин Зидан со „кралскиот“ клуб се поврзуваа големи тренерски имиња, сепак изборот падна на уште една клупска легенда.

На клупата на Реал Мадрид ќе седне некогашниот играч за врска Јосе Марија Гутиерес – Гути.

Оваа вест на шпанските медиуми им ја откри претеседателот на Мурсија, Виктор Галвез. Овој тим сакал да го ангажира Гути, кој моментално ги води младинците на Реал, но заминувањето на Зидан ги променило работите.

Галвез тврди дека му било кажано да ги прекине преговорите со Гути бидејќи 41-годишниот тренер ќе седне на клупата на Реал Мадрид.

„Гути ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид. Ние го сакавме и доколку Зидан останеше уште само два дена сега Гути ќе беше тренер на Мурсија“, откри Галвез.

Реал Мадрид не успеа да ги ангажира посакуваните имиња, па се одлучил за интерно решение, а тоа е Гути кој минатата сезона го тренираше младинскиот тим.