Случај Веапоска: Извештајот од патологија вели дека на родилката ѝ биле извадени здрави органи


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според извештајот од патологија до кој дошла родилката од Дебар, Јилдз Веапоска чии органи ги извади директорот на болницата во Струга при нејзиниот пораѓај, пренесува Телма.

Тврди дека без да ја праша неа или нејзиниот сопруг, докторот Мухамед Асани ги испратил бубрегот и матката на анализа на патологија. Од она што може да се види наодот е 4 дена после операцијата, а Веапсока се сомнева дури и дали се нејзините органи. Од друга страна вели дека се работи за здрави бубрег и матка.

Вчера, не лекарската комора, туку Министерството за здравство објави дека немало пропуст во работењето на директорот Асани. Пациентката била соодветно примена, а лекарската екипа навремено регирала кога се појавиле првите знаци на влошување. Комората и денеска не го дава извештајот, но преку соопштение се правда за сопствената одлука. Велат комората е составена од стручни лекари кои не биле ни вештаци, ни истражители.

„Комисијата ја констатира моменталната состојба врз основа на достапната медицинска документација. Комисијата нема надлежност да врши вештачење и реконструкција на настанот, тоа е во надлежност на други институции. Таа, при стручниот надзор утврдува дали се испочитувани правилата што претставуваат медицински стандард што мора да ги следи секој лекар за време на интервенцијата и како е реагирано во конкретен случај, при тоа земајќи предвид дека секој пациент има своја специфика“.

Во домот на струшкиот гинеколог и директор на болницата Мухамед Асани, Државниот санитарен и здраствен инспекторат во февруари откри нелегална гинеколошка ординација, за што е поднесена и пријава во струшкото обвинителство. За министерот за спречување корупција е доволно што обвинителството отворило случај, побара да не го обвинуваме директорот пред време, ама не кажа зошто Владата не го разреши.

Претседателката на антикорупциска комисија е контра неговиот став, во најмала рака треба да е разрешен.

Веаповска се породила на 31 август лани, а кога состојбата и станала критична била пренесена на скопски КАРИЛ. Таму и кажале дека и недостигаат 2 органи.

Билјана Николовска