Случај „Поткуп“: Делото преквалификувано во поблага верзија, Заев ќе тужи за прислушувањето – пресуда в понеделник


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пресудата во случајот „Поткуп“ во кој премиерот Зоран Заев ќе се товари за барање (а не примање) мито во времето кога беше градоначалник на Струмица, судијата Дарко Тодоровски ќеќ ја изречи в понеделник, на 21 мај.

Јавното обвинителство во последен момент се премисли. На вчерашното последно рочиште за случајот „Поткуп“ во кој обвинет е Зоран Заев како градоначалник на Струмица, обвинителката Валентина Бислимовска го преквалификува кривичното дело кое на товар му го стави нејзиниот колега Владимир Милошевски.

Па така наместо за примање поткуп од околу 164 илјади евра, Заев ќе добие пресуда за барање поткуп за што е предвидена пониска казна, односно од една до пет години затвор.

Претходно во завршен збор премиерот Заев пред судот рече дека неговото следење и употребата на ПИ-мерките се доказ дека институциите во неговата земја од политички причини и на незаконски начин биле употребени за да го спречат да го објави проектот Вистината за Македоонија.

Во судечкиот совет за случајот Поткуп заедно со судијата Тодоровски постапуваше и судијката Добрила Кацарска, но со измените кои во завршен збор ги направи обвинителката Валентина Бислимовска, Кацарска, согласно законот, нема да учествува во носењето на пресуда за овој предмет.

Со измените на обвинителството, доказите обезбедени со ПИ-мерки нема да бидат доказ во оваа постапка.

Премиерот Заев во изјава за медиумите рече дека тој и неговите адвокати веќе поднеле кривични пријави за обвинителите кои издале наредба за негово следење во овој случај.