Случај „Поштенска банка“: Георгиевски тврди дека со обвинетите ни едно пиво нема испиено


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поранешниот премиер на Република Македонија, Љубчо Георгиевски, за медиумите потврди дека лани бил повикан во СЈО во врска со случајот, но негира каква било поврзаност со кривичните дела.

„Пред неполна година бев повикан во СЈО каде ми беше презентирана бомба – разговор на Томица Главчев со висок функционер на власта од кој барајки одредени услуги го спомнува и Никола Груевски во контекст на неговата банка.

Односно дека Груевски во првата влада побарал од него да учествува во приватизацијата на Поштенска Банка.

Кога бил викнат во СЈО ја сменил изјавата па рекол дека во кабинетот на Георгиевски како Премиер бил повикан тој а Јас, Никола Груевски и Марјан Ѓорчев имаме побарано од него да учествува во приватизацијата.

Откако енергично негирав дека никогаш немало таков разговор тој пак ја сменил изјавата дека тој сам бил повикан од мене и таму имало неколку советници од владата. При што понудив да му ги покажат сликите од советниците затоа што имав само девет и лесно ќе ги препознае. Сите други обвинети доблесно негирале дека никогаш со мене не воделе разговор за приватизацијата на Поштенска Банка.

И тогаш пред СЈО и сега пред јавноста недвосмислено изјавувам дека немам ништо со приватизацијата со Поштенска банка а уште помалку со второто дело за кое ги товарат. Се работи за јасни постапки на приватни бизнисмени каде што целиот интерес профит е за нивните фирми. Од сите обвинети личности во животот едно пиво се немам напиено. Жал ми е што и покрај тоа што во СЈО самите ми потврдија дека Томица Главчев три пати ја сменил изјавата повторно решиле да го извалкаат моето име“, вели Георгиевски.