Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На сите ви е веќе добро познато што се случуваше после борбата помеѓу Кабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор.
Ова требаше да биде најголемата борба во историјата, а само неколку секунди целиот спектакл го претворија во најголемиот срам. Преголемата тензија, личните навреди, навредите на сметка на религијата, семејството, нацијата, хулиганскиот напад на автбосуот од страна на Мекгрегор минатата година…
Сето тоа го издржа мирниот „Дагестанец“ за на крајот да „пукне“ во неколку секунди и тоа во веројатно неговиот најголем момент во кариерат – откако го победи Мекгрегор.
Кога целата ситуација малку се смири, на сцена стапи првиот човек на УФЦ, Ден Вајт кј не му го додели шампионскиот појас на Кабиб поради безбедбот. Арената беше преполна со Ирци кои во главно мирно ја следеа борбата во која нивниот миленик беше во подредена улога. Но кога борбата се префрли во публиката можеше да се случи се и сешто.
Колку и Конор да го навредувал за таквата постапка јасно е дека Кабиб е виновен и ќе ја плати цената. Иако изгледаше дека не обрнува внимание на Ирецот, очигледно дека она што го собирал во себе на крајот морало да излезе некаде.
Како што сега стојат работите му се заканува сериозна казна, а сумата од два милиони долари која требаше да ја добие како награда од УФЦ за оваа борба многу лесно би можеле да не завршат на неговата сметка. Доколку се прашува УФЦ се веројатно полесно би се решило, но тука се прашува и Спортската комисија на државата Невада која ќе одлучува за казните и на Кабиб би можел од борбата да му остане шампионскиот појас (го доби подоцна).
Се пишува и дека му се заканува повеќемесечна забрана за влез во САД, но и суспензија од 12 месеци! И тоа ова се наведуваат како нешто кое би било минимално.
На листата потенцијални проблеми можеше да ја допишеме и изјавата на неговиот татко кој од него направи борец во УФЦ и на кого нималку не му допаднало она што неговиот син го направи во Лас Вегас.
https://youtu.be/5eWSVZvoj9M
„Борбата е за во октагон, а не за во публиката! Таму има невини, луѓе, деца, жени…Многу ме разочара и кога ќе стигне дома ќе биде казнет и тоа многу посериозно од она што ќе го казни УФЦ И Атлетската комисија. Навистина, бевме провоцирани и ни ја навредуваа религијата, семејството, нацијата, но такво нешто едноставно не смее да се случи. Пред борбата го предупредив да не помисли на такво нешто, но кога го држеше Конор стегнат околу вратот и кога Ирецот ја предаде борбата забележав дека некој од спротивниот табор дофрли навреда и тоа беше искрата која го запали огнот“, изјави Абдуламанап Нурмагомедов.
Како и да е Кабиб кој веќе објасни дека му е жал што направил такво нешто, но не премногу е шампион и е непобедлив со 27 победи и ниту еден пораз. Кај оние кои немаа слушнато за него, скокот преку оградата го направи светска мегаѕвезда, колку и погрешно да звучи Сега маркетиншки е далеку поисплатлив, па сигурно дека Дагестанецот и покрај казните нема премногу за што да се крижи.