Случај „Монструм“: „Приведете го Заев, тој има докази за случајов кои ни ги покажа“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На лично барање и под полна морална и судска одговорност, еден од родителите на убиените деца кај Смилковско езеро, Горан Наќески сведочеше денес пред кривичниот судија Огнен Ставрев во врска со ветувањето на денес премиерот Зоран Заев за докази поврзани со убиството на нивните деца.

Доказите кои премиерот Зоран Заев ги покажал на родителите на децата кои беа убиени кај Смилковското Езеро во 2012 година, да ги достави до судот, денеска побара Горан Наќески, таткото на убиениот Александар Наќески, по одложувањето на рочиштето.

„Кога бевме кај Заев рече дека ќе ни даде 6 разговори државна тајна за 6 функционери на ДУИ. Но, подоцна тие станаа 5. ДУИ тогаш беше нивни противник. Заев ни ги покажа транскриптите, ни го посочи Невзат Бејта и ни покажа транскрипт од разговор меѓу Невзат Бејта и обвинетиот Фејзи Азири. Не го исполни ветувањето, од политички причини не ни ги даде тие 5 државни тајни“, кажа Наќески пред судот и побара неговиот исказ да влезе во записник.

Тој побара од судот да се изврши претрес во СДСМ и да се одземат овие документи, како и стражарно приведување на Заев, за, како што рече, во судот да се соочи со сите родители.

Премиерот Заев, според Наќески, на родителите им кажал и дека возилото со кое се превезувале извршителите, Опел омегата, е на МВР, иако од роднини и пријатели во полицијата им било кажано дека такво возило немало кај „Алфите“.